Скопската новогодиша елка е мета за подбивање шега. Во новогодишните приказни ја сместија и медиумите во соседството. Тие пренесуваат коментари од граѓаните на Скопје кои се објавуваат по социјалните мрежи дека не се задоволни со елката поставена на плоштадот „Македонија“.
Новогодишната елка во Скопје им послужува како репер на медиумите во текстовите за да ги утешат нивните граѓани дека има и полошо издание од китењето во нивните градови!
Скопската елка стана позната токму поради тоа што изгледа грдо и недовршено. Впечаток е дека не е ни целосно украсена, а згора на сè е и искривена“, пишува српска Нова.
„Кога си тажен, сети се на несреќната новогодишна елка во центарот на Скопје“, вака еден од најпопуларните српски портали Nova.rs ја опишува елката во главниот град на Македонија и додава дека сите сакаат да се сликаат со „несреќната елка“ која иако недовршена е вистинска атракција на социјалните мрежи.
„Б92“ пишува дека „Туристите од целиот свет се исмеваат на новогодишната елка во Скопје: Ужасна, ружна на прв поглед“.
Српски Телеграф пишува дека „Регионот удри по новогодишната елка во Скопје: Ваква нема ниту на Алиекспрес, туристите трчаат да се сликаат“.
Во меѓувреме гори и Твитер заедницата во регионот, но најмногу македонските граѓани со денови пишуваат за новогодишната елка.
Инаку град Скопје минатата недела извести преку соопштение дека градот ќе биде украсен за сума од 30.000 евра.
Сепак, Арсовска не кажува кој го украсува Скопје. На страната на Бирото за јавни набавки нема договор за новогодишното укасување. Од друга страна, ако елката е донација не е познато кој е донатрот.