Македонски иселеници и актвисти преку социјалните медиуми денес повикуваат на протести за утре во Франција заради, како што наведуваат „геноцидот што се подготвува врз Македонците“.

Францускиот претседател, Емануал Макрон, утре ќе престојува во градот Ферни-Волтер, близу Женева, при што ќе го посети замокот на познатиот писател Волтер.

„Добра прилика за Македонците да манисфестираат пред Макрон и пред целиот свет за геноцидот македонски. Ве повкуваме да дојдете и да го дадете вашиот придонес за Македонја“, се вели во повикот.

Замокот на Волтер во Ферни-Волтер се наоѓа на 30 километри од Женева.