Иако смртта на Александар Македонски и последователните сродни настани и натаму се тема на дебати, според еден вавилонски астрономски дневник, Александар умрел во палатата на Навуходоносор II во Вавилон вечерта помеѓу 10 јуни и 11 јуни 323 п.н.е., на триесет и две годишна возраст (според други извори, Александар шочинал на 13 јуни).
Македонците и локалните жители плачеле по веста за смртта на Алекасадар, додека Ахеменидските поданици си ги избричиле главите.
Мајката на Дариј III, Сизигамбис, откако дознала за смртта на Александар, ја одбила храната и умрела неколку дена подоцна.
Историчарите се разликуваат во нивните проценки за примарните извори за смртта на Александар, што резултирало со различни ставови за нејзината причина и околности.
Во февруари 323 п.н.е., Александар им наредил на своите војски да се подготват за маршот кон Вавилон. Според Аријан, откако го преминал Тигар, Александар го сретнале Халдејците, кои го советувале да не влегува во градот бидејќи нивното божество Бел ги предупредило дека тоа во тоа време би било фатално за Александар.
Халдејците, исто така, го предупредиле Александар да не маршира на запад бидејќи потоа ќе погледне кон заоѓањето на сонцето, симбол на опаѓање. Му било предложено да влезе во Вавилон преку Кралската порта, во западниот ѕид, каде што ќе биде свртен кон исток. Александар го следел овој совет, но рутата се покажала неповолна поради мочурливиот терен.
Според Јона Лендеринг, „се чини дека во мај 323 година“ вавилонските астролози се обиделе да ја спречат несреќата со тоа што го замениле Александар со обичен човек на вавилонскиот престол, кој би ја презел несреќата на себе, но очигледно, тоа не успеало.
Како и да е, неговата смрт и локацијата ан неговиот гроб станаа вечна мистерија за археолозите и историчарите.
Се смета дека телото му било однесено во Александарија, па дури постојат и некои гравури за тоа како Цезар, кога му се поклонувал, од невнимание му го откинал носот. Според една теорија, остатоците од телото на Александар и денес се наоѓаат во египетскиот град, но во просторија која од три страни е непристапна, а од четвртата е заградена со ѕид од џамија поради што до нејзе не може да се пријде.
Пред неколку години македонскиот археолог и тогашен директор на Управата за културно наследство, Паско Кузман, искажа можност Александар да е закопан на Пеонските гробишта близу до Марвинци.
Македонскиот истражувач на античкиот период, неодамна починатиот, Паскал Камбуровски, по потекло од Егејска Македонија, протеран во Полска, па потоа преселен во Скопје, инаку автор на две книги за Александар и неговиот гроб, односно за мајка му Олимпија, беше сигурен дека гробот на војсководецот се наоѓа на тие гробишта, па дури тврдеше и дека го знае местото каде треба да се ископува. Тоа е влезот во брдото крај базиликата на гробиштата, што, според него е сосема природно и логично место за погреб на царот.
Според Камбуровски, откако погребната поворка со телото на Александар тргнала кон Александрија, стигнала наредба од неговата мајка Олимпија телото да биде однесено во Пела и таму да биде погребано. За таа цел била направена уште една кочија и уште еден ковчег, со тоа што лажната поворка продолжила кон Александрија, а вистинската кон Македонија.
Но, токму тогаш Пела била опколена од противниците на Александар, па според Камбуровски, телото морало да биде погребано во најблиското место до Пела, каде подоцна, се надевала Олимпија, ќе може да биде крунисан синот на Александар, односно неговиот наследник. Има две такви прифатливи места за погреб на Александар, а кои се блиску до Пела – едното е Хераклеа, а другото се Пеонските гробишта. Според Камбуровски, Херакела како можност отпаднала, па Александар бил закопан крај Марвинци. Влезот во брдото, каде според него е закопан војсководецот, е обложен со некакви тули во подоцнежното римско време и затрупан со камења и земја.
Подоле е фото репортажа од Пеонските гробишта кај Мрвицни каде е можно да се наоѓа и гробот на Александар.