Македонците во Бугарија и одговорија на потпретседателката Илијана Јотова која вчера во Битола иронично праша „кои се тие Македонци“, пренесува Република.
Тие и порачуваат дека требало денеска да дојде денес во Мелник на семакедонскиот собор организиран од 7 организации на бугарски државјани со македонска самосвест, за да ги види стотиците Македонци кои наспроти дождот сепак дојдоа да му оддадат почит на Јане Сандански.
„Да ги види Македонците во Бугарија за кои ниту чула ниту видела. Истите оние кои нејзината држава некогаш ги признавала. Истите оние, кои нејзината држава со децении ги дискриминира. Истите оние кои веќе 32 години се мачат да регистрираат организации и партии во Бугарија. Истите оние заради кои Бугарија е веќе 14 пати осудена во Стразбур. Истите оние за кои пишуваат сите меѓународни извештаи за правата на човекот за Бугарија, вклучително последниот на Стејт департманот. Истите оние кои повеќе од деценија попусто бараат средба со нејзиниот шеф – Претседателот на Бугарија, кој ниту наоѓа време да ги прими, а ниту да им одговори. Можеби треба да го праша Румен Радев, или заедно да прашаат во канцеларија или архива, кој таму ги крие писмата на овие Македонци, та бугарскиот вицепретседател да не знае ништо за нив.“
На чествувањето на Сандански, присуствувал и лидерот на Левица, Апасиев. Во партиското соопштение, меѓудругоот се вели дека претседателот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, заедно со генералниот секретар на партијата, Јована Мојсоска беа да одадат почит, на македонскиот револуционер.
Тие оствариле голем број на неформални разговори со Македонците во Бугарија, разговарале за нивните маки, проблеми и репресии со кои се соочуваат во борбата за остварување на основните човекови права во држава членка на Европската Унија.