Табела од која се гледа дека Американците најкратко живеат во споредба со граѓаните од другите развиени земји, а најмногу трошат на здравствена заштита во споредба со другите. Во САД се трошат 12 000 долари по жител на здравствена заштита, потоа следува празен простор па доаѓа Германија со 8 000 долари по жител но и три години подолг очекуван животен век.

Според СЗО, очекуваниот животен век во Македонија во 2021 година бил 73 години, односно 75,2 години за жените и 70,9 за мажите, што е далеку под овие бројки од табелата за развиените земји или со други зборови, Македонците живеат 10 години помалку од граѓаните на Шведска, Австралија, Швајцарија, 11 години помалку од Јапонците итн. Зошто е тоа така?