Скопјанецот Никола Нешкоски е првиот Македонец кој со велосипед го искачи највисокиот вулкан на светот Ојос дел Саладо во Чиле. Тој освен тоа што е првиот Македонец е и десеттиот човек на светот што го направил тоа со велосипед, а пред него го направиле тоа само девет луѓе.
Во краткото интервју за Курир по искачувањето вели дека погледот од таму на 6.893 метри надморска височина е незаборавен и дека во истата секунда се заборава на целата мака при искачувањето на врвот.
Како дојде до идејата да се искачиш со велосипед на највисокиот вулкан на светот Ојос дел Саладо во Чиле?
Оваа идеја ми е присутна уште пред две години, кога истражував за високи планини каде може да се вози велосипед. Дојдов до информација за највисокиот вулкан на светот – Охос дел Саладо, и дознав дека само неколку луѓе досега се искачиле со велоспед на оваа планина. Е тука работите станаа интересни. Контактирав дел од луѓето, разменивме информации и јасно беше дека следна цел е Чиле. Оваа идеја му ја споделив на човекот што беше со мене сега на оваа експедиција – Илија Деревјов, кој прифати без двоумење, впрочем со него одиме заедно на сите велосипедски експедиции на големи височини.
Опиши го патувањето до таму, дали само врвот го искачуваше со велосипед или тргна од Македонија?
Од Македонија тргнавме со авион. Таму искачувавме од почетна точка во близина на градот Копиапо, на околу 2.000 метри мнв. Од таму авантурата се селеше на четири различни планини, при што последната беше Охос Дел Саладо.
Целиот текст може да го отворите ТУКА.