Новинар од бугарска телевизија известувал за протестите против францускиот предлог во Скопје кои траат речиси цела недела.
Застанат пред Собранието, новинарот известувал за ситуацијата кога еден демонстрант му пришол, а на прашањето „зошто Северномакедонците протестираат“, му дал одговор кој стана хит на социјалните мрежи.
– Македонци само, не Северномакедонци. Не може да ме попиташ, може да те пошљакам“, му одговори момчето.
Станува збор за Дарко Бошковски, кој на својот ФБ профил денеска напиша:
– Фала на сите за позитивните коментари, браќа и сестри Македонци! Да живее Македонија!