Најмладиот дебитант во македонската фудбалска репрезентација Дарко Чурлинов денеска дебитираше во најсилната германска Бундеслига.

Тој влезе во игра на мечот против Волфсбург во 70-та минута од мечот и ги одигра преостанатите 20-тина минути од натпреварот во кој Волфсбург триумфираше со 2:1.

Чурлинов е дел од првиот тим на Келн, а беше еден од најдобрите младинци, прв стрелец на тимот и летово доби шанса да се наметне и да се избори место во сениорскиот тим на бундеслигашот.

Ова е голем момент за младиот македонски фудбалер кој има 19 години и тој е иднината на македонскиот фудбал.