Судот во Асти, Италија осуди на по осум години затвор двајца Романци обвинети за обид за убиство на Македонецот Горанчо Георгиев (39) кој е во кома од март 2016 година кога се случил инцидентот, пишува 24 Инфо.
Тогаш настрадал и неговиот сонародник, Тони Фиданчо, кој имал повреди на главата и скршена бутна коска. Јавниот обвинител барал казна од десет години за браќата Адријан и Валентин Бетеа, но судијата Федерико Бели им одреди помала казна. Третиот од браќата, Алин Флорин доби една година затвор поради учество во тепачка.
Според обвинението, инцидентот се случил во местото Кастиљоне Тинела во провинцијата Кунео на 28 март 2016, понеделникот на Велигден. Тогаш дошло до расправија меѓу браќата и двајцата Македонци околу користење на заеднички простор пред една од зградите. Романците сметале дека нашинците го узурпирале просторот па повикале полиција. Откако си заминале карабиниерите дошло до тепачка во која браќата со шипки ги претепале Фиданчо и Георгиев, пред очите на трите деца на Горанчо.
Горанчо, кој бил поранешен професионален војник, а работел како земјоделец во локална задруга, е во кома по инцидентот. Тој вегетира и се одржува во живот во специјална болница во местото Марене.