Васил Јанкула од Мала Преспа, кој боледува од детска целебрална парализа, човек со огромна волја, оптимистички дух и храбро срце, го донира неговиот трицикл на лица со попреченост.
-На овој начин сакам да ги потикнам лицата со попреченост да бидат повеќе активни во опшеството,еве како мене. Сите сме исти, вели Јанкула, дообјаснувајќи дека може да го контактираат на адреса https://www.facebook.com/vasill.jankula.
Тој со трициклот ги оствари своите зацртани цели за лани, благодарение на подршката од општина Пустец и секако тренерот Тони Ангеловски.
Најпрво на осми септември, по повод независноста на Северна Македонија ја извози триесет километарската патека во рамки на Охридскиот меѓународен атлетски маратон. Како дел од 32-то издание на маратонот, со оптимистички дух и храбро срце успеа за два часа да ја извози патеката полна со удолници и угорници.
На 11 ноември под мотото „Возам на точак за лица со попречност” возеше низ Скопје, а потоа и на прилепскиот маратон.
Овој млад човек и покрај својот физички хендикеп, ја извози патеката од 150 километри, во двата правца, возејќи 8 часа, од Ресен до селата од Мала Преспа, Леска, Пустец, Зарноско.
Со тоа тој покажа дека огромната воља и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа е посилен од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги.
Негова желба е да продолжи и натаму, секако, како што рече, доколку најде покровители, да помине низ цела Македонија со точак, а можеби еден ден да вози и низ Балканот, Европа и светот.