Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски освои сребрен медал во полумаратонската трка во Атина, која од годинава се смета и како Балканско првенство во оваа дисциплина.
Дарио Ивановски забележа нов одличен настап, тој утрово финишираше како втор во полумаратонската трка во Атина.
Делницата од 21.097 километри во главниот град на нашиот јужен сосед, Дарио Ивановски ја истрча со време од 1:05:19 час, што беше доволно за сребрен медал.
На трката настапи и нашата најдобра атлетичарка, Адријана Поп Арсова, која заврши како седма во женска конкуренција со време од 1:19,04 часа.