Македонија одигра реми 1-1 против Белгија во натпревар од 3. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Одигравме реми против моќната Белгија, но Македонија стана репрезентација која може да жали што не дојде и до полн плен против една репрезантација од самиот светски крем.
Белгијците ја имаа првата полушанса во натпреварот откако во 5. минута Алекси Салемакерс биеше од непосредна близина, но неговиот удар заврши далеку од голот на Димитриевски.
Нова полушанса имаа гостите во 13. минута преку Лукаку, но неговиот удар одлично го блокираше Ѓоко Зајков. Нова шанса Белгицјите имаа во 20. минута кога од страна со глава Раскин ја погоди стативата на Столе Димитриевски.
Навалата кон македонскиот гол продолжи и во следниот период. Салемакерс одлично биеше од 20тина метри во 22. минута, но уште подобра беше интервенцијата на Столе Димитриевски кој не дозволи гол за гостите. Првата убава шанса нашиот тим ја имаше во 24. минута кога капитенот Барди истрча во контра, но неговиот удар го спречи Селс. Нашите продолжија храбро и во следниот период, но фортуната не беше на наша страна откако двапати во иста акција ја погодивме стативата. Прво Елмас, па потоа и Алиоски за разочарување на преполната арена „Тодор Проески“. И како што налага непишаното фудбалско правило, веднаш следуваше казна. Белгијците поведоа со 0-1 во 28. минута преку Де Кујпер линк.
До крајот на првиот дел мируваа мрежите, а Белгија на пауза замина со позитива од 0-1.
Македонија на феноменален начин го отвори второто полувреме на дуелот со Белгија, откако по само три минути игра успеа да постигне гол за 1-1.
Феноменална полуконтра која почна од Илиевски, па преку Костадинов заврши со феноменална завршница на Елиф Елмас.
И по ерупцијата на Тодор Проески следуваше студен туш од главниот судија на мечот, Англичанецот Кавана. Заедно со ВАР тимот ситуацијата се прегледуваше повеќе од три минути, по што беше досуден офсајд, а нашиот гол беше поништен. Во следниот период падна темпото, а дури во 70. минута во вториот дел Белгијците успеаја да стигнат до шанса, но статива погоди Раскин. Алиоски имаше одличен продор во 73. минута по кој го проигра Барди кој евидентно беше фауилиран, но Кавана не се одлучи да досуди пенал за нашиот тим.
Откако веќе ни беше поништен еден погодок, а во два наврати ја погодивме стативата, конечно фортуната беше на наша страна, откако Езгијан Алиоски со неверојатен гол со волеј во 87. минута успеа да израмни на 1-1.
Maxim De Cuyper | 🇲🇰 North Macedonia 0-1 Belgium 🇧🇪 pic.twitter.com/SwSvqwFKss
— JONERO♏♂️ (@JONERO10) June 6, 2025