Познатата изрека дека една слика кажува повеќе отколку илјада зборови може да се употреби и за мапата на Македонија по локалните избори и освоените градоначалнички и советнички места во општините.

Со црвена боја се означени општините со кои ќе раководи ВМРО-ДПМНЕ, а со сина општините во кои победи СДСМ.

Една мапа кажува повеќе од сите анализи: ВМРО-ДПМНЕ освои 55 општини, а СДСМ само 6. На мапата ја нема и прегласната Левица, од едноставна причина, што не победи во ниедна општина и нема ниту едно освоено градоначалничко место.