Македонија има највисока стапка на морталитет од мозочен удар во Европа: 180 смртни случаи на 100.000 жители годишно. Дали ова има врска со стресот, сиромаштијата и лошиот квалитет на живот? Се гледа дека најмногу удари имало во најсиромашните и најнесреќните земји, пишува во својата најнова објава професор Дејан Трајковски.

-Освен тоа, во 2018 година Македонија имала втор најлош индекс во Европа (после Романија) според исходот од лекувањето на сите болести. Секогаш е во првите три најлоши, а во 2015 година имала најлош индекс. Овој индикатор е можеби најважниот од сите шест според кои се рангираат здравствените системи. Човек да се уплаши што мора да живее тука, пишува професорот.