Македонија Ѓорче Петров денеска од 19 часот ѝ гостува на ЦСКА Софија во рамките на реванш натпреварот од Конференциската лига.
По резултатот од 0-0 во Скопје, тимот кој денеска ќе победи продолжува на европската сцена во 3. квалификациско коло во Конференциската лига.
Тимот на Македонија ЃП овој натпревар ќе го игра без Матеус Лемос, кој беше исклучен на средбата во Скопје бидејќи судијата му додели два жолти картони.
Македонскиот тим досега играл двапати двомеч со бугарски тим во кои нема триумф. Во 2006 во УЕФА Купот се соочи со Локо Софија (0-2 и 1-1), а во 2007 играше со Черно Море Варна во Интертото Купот (0-4 и 0-3).