Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров го елиминираа Врадар во осминафиналето од Купот на Македонија, откако во реванш натпреварот денеска го совладаа со 2:1. Првиот натпревар заврши со реми 1:1.
Победата за Македонија ЃП ја донесе Христијан Кировски, кој беше стрелец на двата погодока во 13 и во 62 минута, а Џемал Ибиши во 34-та минута од натпреварот го постигна голот за Вардар.
На останатите натпревари немаше изненадувања, а актуелниот бранител на титулата Шкендија на гости во Пехчево го совлада Кит-Го со убедливи 0:5 и ја потврди победата од 2:0 остварена во Тетово.
Академија Пандев беше поразена дома од Брегалница со 0:1, но тоа не влијаеше на пласманот во четвртфиналето, бидејќи на првиот натпревар оствари победа од 2:6.
Работнички и Тиквеш ремизираа со 1:1, а благодарение на минималната победа во Кавадарци од 0:1 „романтичарите“ одат во следната рунда.
Прилепска Победа вторпат го победи Гостивар, а Силес не дозволи изненадување во двомечот со Скопје, додека битолски Пелистер беше елиминиран од Беласица