Со 2:1, резултат постигнат со головите на Ристовски и Велковски во првото полувреме, Македонија го совлада Косово на натпреварот во Скопје.

Екипата на Косово постигна гол за израмнување во 29 минута, но тоа беше се што Косоварите направија.

Сепак, во 94 минута имаа извонредна шанса за израмнување, која, на наша среќа не ја искористија.

Ова беше полуфинален натпревар од квалификациите од Лигата на нациите за пласман на ЕП.

Финалето го играме на 12 ноември со Грузија на гостински терен, а победа не носи на елитното натпреварување.

Инаку, со Грузија играме веќе во среда, но тоа е меч од новиот циклус натпревари во Лигата на нациите.

Моментот при израмнувачкиот гол на Косово по катастрофална грешка на нашата екипа