Познатата народна „селото гори, баба се чешла“ во актуелниот момент во земјава може да гласи „Македонија гори, СДСМ (се) чешла со сметки“.
Во продолжение целото соопштение од партијата која 7 години беше на власт во Македонија, во време на пожари и секојдневно откривање на финансиски дупки од душманското трошење на парите од народот во време додека беше на власт, а сега ја обвинува актуелната за „душманско трошење“:
Според информациите до кои дојде СДСМ, Мицкоски изгледа ужива во луксузот на сметка на граѓаните. Очигледно не се само скапите часовници повеќе десетици илјади евра негов стил, тој милува да патува во бизнис класа.
Денес го прашуваме јавно, дали е точно дека тој за САД патувал со бизнис карта вредна над 4.000 евра на сметка на граѓаните? Ако е точно, да излезе и да објасни за тоа уште еднаш што претставува душманско трошење на парите на граѓаните. Додека во кампањата имаше уста полна одговорност и транспарентност, сега гледаме расфрлање, фамилијарни прошетки за САД во бизнис класа и буквално никаква грижа за граѓаните.
СДСМ очекува во најкус рок Владата и Мицкоски да ги објават сметките и трошоците за ова патувања затоа што граѓаните мора да знаат колку пари платиле за прошетките на Мицкоски и министрите.
Ваква неодоговорност не е забележана од ниеден наш премиер досега
Од првиот ден на пожарите, Мицкоски не знае што прави и како треба да ја менаџира кризата со пожарите. Целосно отсуство на одговорност и грижа се забележува кај премиерот, кој смета дека ако избега во странство или се бави со фрлање лопати на нови чешми, проблемот ќе исчезне.
Ветуваше дека за ден-два ќе биле пожарите под конотрола, па откако работата отиде јабана, избега во странство. Откако виде дека лопатите не помагаат реши дека е најдобро да не е во земјата. Додека граѓаните со лопати самите гасат, тој фрла лопати за ПР.
Целата планина Серта е изгорена како резултат на спората реакција. Ова го потврдува локаланото население кое самото тврди дека четири и пол дена не добиле соодветна подрршка и не се сфаќала состојбата сериозно.
Во моментов под закана е Пелистер, гори на 13 места, а Мицкоски си тера протоколарни настани за да помуабети со Орбан. Ништо корисно нема државата од неговите патувања, освен дека си прави фамилијарни прошетки.
Ваква недоговорност не е забележана од ниеден премиер во минатото.
Го повикуваме Мицкоски да го прекине шетањето по светот и удобните патувања на трошок на народот да ги замени со работа, за што е платен токму од граѓаните.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста