Министерството за внатрешни работи секојдневно во својот билтен ги регистрира пријавите на искасани граѓани од кучиња скитници низ Македонија.
Според денешниот билтен на МВР има пет случаи на напади на кучиња на луѓе во Скопје, Куманово, Кичево и Сарај, а меѓу нив има нападнати и деца.
На 17.11.2022 во СВР Куманово, С.Ј.(39) од Куманово пријавила дека во дворот на Основно училиште на улицата „Народна револуција“ во Куманово нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 17.11.2022 во СВР Куманово, Б.А.(64) пријавил дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и бул.„Трета македонска ударна бригада“ бил каснат од куче скитник.
На 17.11.2022 во 18.30 часот, А.П.(51) од Кичево во полициска станица пријавила дека нејзиниот малолетен син на улица „Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 17.11.2022 во 16.30 часот во Полициската станица Карпош, Л.С.(63) од Скопје пријавила дека на ул.„Московска“ била касната од куче скитник.
На 17.11.2022 околу 11.40 часот во Полициското одделение Сарај, Б.А.(24) од с.Блаце, Скопско, пријавил дека во близина на с.Сарај, Скопско, бил каснат од куче скитник.