Ракометната репрезентација на Македонија на стартот на идната година повторно ќе биде дел од еден планетарен собир, а ќе ја има таа чест да ја отвори групната фаза во Германија и тоа со дуел против аутсајдерот Јапонија.
„Црвено-жолтите” ќе стартуваат против Јапонците со почеток од 15:30 часот на 11. јануари, на 12-ти сме слободни, потоа на 13-ти од 14:00 часот ќе играме со Бахреин, а следниот ден од 18:00 часот е првиот посериозен тест против Хрватите.
15-ти јануари е ден за одмор, на 16-ти од 20:30 часот ќе ги одмериме силите со Шпанија, а на 17-ти јануари завршуваме против Исланд (18:00 ч.)
После прелиминарната рунда (10-17 јануари), главната рунда се игра од 19 до 23 јануари во Келн (Германија) и Хернинг (Данска). Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе се пласираат во следната фаза.