Кошаркарите на Кливленд Кавалирс ја забележаа првата победа оваа сезона во НБА лигата. Тие ноќеска беа поуспешни од Атланта со 136:114 и на тој начин ја прекината низата од шест последователни порази.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта меѓу вторник и среда:

Шарлот – Мајами 125:113

Кливленд – Атланта 136:114

Орландо – Сакраменто 99:107

Бостон – Детроит 108:105

Торонто – Филаделфија 129:112

Хјустон – Портланд 85:104

Мемфис – Вашингтон 107:95

Оклахома Сити – ЛА Клиперс 128:110.

 

Голден Стејт со биланс 7-1 (победи-порази) во Западната и Милвоки 7-0 во Источната конференција се лидери на табелите.