Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на последниот Мастерс турнир оваа година, откако синоќа го совлада Португалецот Жоао Соуса.

Ѓоковиќ кој е втор носител, доколку избори подобар пласман од Рафаел Надал на крајот од Мастерсот, повторно ќе стане број 1 на АТП ранг листата.

Резултати од досега завршените мечеви во вториот круг:

Медведев – Карено-Буста 2:0

Вердаско – Шарди 2:0

Ебден – Качанов 0-1

Херберт – Кукушкин 1:2

Фускович – Пер 2:0

Циципас – Џумхур 0:2

Симон – Пуил 2:0

Раониќ – Цонга 2:1

Соуса – Ѓоковиќ 0:2

Чилиќ – Колшрајбер 2:0.