По вчерашниот триумф над Србија со 2:1 во сетови, македонската Кантер Страјк репрезентација трета година по ред игра во финалето на Европското првенство во оваа е-спорт категорија.
Денеска во 19 часот македонските кантерџии ќе се соочат со репрезентацијата на Украина во финалето од Европското првенство и ќе се борат за титулата најдобар национален тим во Кантер Страјк (Counter Strike – Global Offensiv)
Првенството се одржува во градот Орадеа во Романија.
Преносот во живо со македонски коментатори може да гледате на Твич каналот на Македонската е-спорт федерација на следниов ЛИНК.