Капитенот на Парма, Џанлуиџи Буфон го сподели своето мислење за фаворитите во претстојната сезона од италијанскиот шампионат.

– Ги гледам Јувентус и Интер пред сите. А „бјанконерите“ ми се чини дека имаат мала предност пред Интер. Милан е веднаш по нив. Така мислев минатата година, но „миланезите“ покажаа дека имаат добра посветеност, го цитира Буфон „La Stampa“.

Милан го освои шампионскиот трофеј минатата сезона во Серија А за прв пат по 11 години.

Пред Милан да дојде на тронот на италијанскиот фудбал, Интер го освои Скудетото во 2021, а Јувентус доминираше девет години (од 2012 до 2020).