Со чартер-лет од скопскиот аеродром, македонската фудбалска репрезентација претпладнево (10:30 часот) ќе оди за романската престолнина Букурешт.
Сите тестови на коронавирус во македонската експедиција се негативни и во комплетен состав се патува за Романија.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски последните пет дена од подготовките за настапот на Европското превенство ќе ги поминат во градот каде ќе ги одиграат првите два натпревара од континенталниот шампионат.
„Црвено-жолтите“ на ЕП се наоѓаат во Ц-групата. Тие на 13 јуни ќе играат со Австрија, а на 17 јуни се среќаваат со Украина. Последниот натпревар од групната фаза ќе го имаат со Холандија во Амстердам.