Ракометна Македонија и овој јануари ќе пулсира со репрезентативците. Овој пад збирно место на популарната македонска „фаланга“ ќе биде полскиот град Краков, каде што избраниците на Кирил Лазаров ќе ги одиграат натпреварите од првата групна фаза од СП.

Утрово, како што објави порталот Гол.мк група од стотина македонски навивачи од Виена тргнаа за Краков, каде што ќе имаат задача да им дадат поддршка на младите македонски ракометари. Македонски фанови ќе има од цела Европа, па како и на секој досегашен голем ракометен собир така и во арената „Таурон“ се очекува да преовладува црвената боја.

Македонија првиот натпревар го игра вечерва, против моќната Норвешка. В недела нè чека средба со Холандија, а по два дена ќе се судриме со Аргентина.