Градежни работи за рехабилитација на асфалтот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, помеѓу планинскиот превој Пресека и село Песочани, ќе се изведуваат од утре поради што сообраќајот ќе се одвива под посебен режим со преминување од една во друга коловозна лента.
На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти ЈП „Македонија пат“