Утрово од 7 часоте укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, како и на превојот Ѓавато.

Забраната за сообраќај беше воведена од синоќа на полноќ.

На патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот превој Ѓавато од 9:05 часот е укината забраната за тешки товарни возила, информира јавното претпријатие „Македонија пат“.

Забрана беше воведена на неколку патни правци поради врнежи од снег.

Од „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.