Македонската ракометна репрезентација попладнево го игра вториот натпревар на „Јелоу куп“ во Швајцарија, а ривал ни е селекцијата на Украина. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на синоќешниот дуел против Бахреин остварија победа од 32:28, додека Украина загуби од Швајцарија со 38:27.

Ова за македонските ракометари ќе биде нова можност за проверка на формата во пресрет на натпреварите од Европското првенство, каде за противници ќе ги имаат селекциите на Данска, Португалија и Романија.

Денешниот натпревар со Украина почнува во 17:45 часот, а македонскиот национален тим „вистинската контрола“ во Швајцарија ќе ја има со домаќинот во сабота (почеток 18 часот).

ФОТО: Фејсбук на Ракометна Федерација на Македонија