Владата на вчерашната седница го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори помеѓу Владата на Македонија и Владата на Косово за заеднички гранични премини: „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце – Глобочица“ и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот помеѓу двете влади за воспоставување на овие два заеднички гранични премина.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е задолжен во име на Владата Македонија да го потпише договорот.
-Целта на склучувањето на овој договор е воспоставување заеднички гранични премини „Јажице – Глобочица“ – за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила, влез и излез на товарни моторни возила, како и „Блаце – Елез Хан“ – за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила и стоки, информира владината прес-служба.