Македонската делегација и официјално го имаше своето претставување на свечената церемонија на Летните олимписки игри (ЛОИ) кои се одржуваат во Париз, Франција.
Македонската делегација на Игрите во Франција брои шест члена. Покрај знаменосците, нашиот спорт во Франција ќе го претставуваат уште пливачот Никола Ѓуретановиќ, Анастасија Мојсовска во дисциплината спортско стрелаштво, џудистот Еди Шерифовски и борачот Владимир Егоров.
Знаменосци во нашиот тим беа маратонецот и нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски и теквондистката Милијана Рељиќ.
Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис), а меѓу делегацијата се и тренерите на претставниците.