На 18. Медитерански игри што годинава ќе се одржат во Тарагона, Шпанија во периодот од 24 јуни до 1 јули 2018, Македонија ќе настапи во комбиниран состав од сениорски и младински репрезентативци, како и неколкумина помлади ракометари на кои стручниот штаб на нашата селекција ќе смета за креирање во сениорската репрезентација во иднина.

На поширокиот список од 24 ракометари кои ги добија повик од селекторот се: Мартин Томовски, Никола Даниловски, Никола Митревски, Даниел Ѓоргевски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Димитар Димитриоски, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Мартин Манасков, Дарко Георгиевски, Ласко Андоновски, Филип Чурлевски, Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Мартин Поповски, Никола Костески, Костадин Петров, Милан Лазаревски, Филип Арсеновски, Дарко Димитриевски, Жарко Пешевски, Милорад Куковски.

Македонија Игрите во Тарагона ќе ги отвори на 23 јуни со натпревар против Турција, ден подоцна ќе игра со Египет, а во групната фаза ќе се сретне и со селекцијата на Србија.