Искри од пиротехника кој се употребувале за светлосен ефект се причина за трагедијата во Кочани, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој официјално потврди дека до сега има 51 загинато лице и над 100 повредени.
Министерот вели дека се приведени лица, со кои се одвива разговор за причините за пожарот.
Претходно беше објавени дека најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група, потврдија од МВР за МИА.
Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа нна местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата. Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски.