МАКЕДОНКА СО ЌЕРКАТА БЕГААТ ОД УКРАИНА: Имам уште 10 часа до границата, гужва е, не знам дали ќе поминам

/ 24.02.2022

Мери Амбросова е Македонка на која веќе неколку години живее во Украина откако се омажила за Украинец, пренесува Курир.

Во видеото кое го објавува на Инстаграм вели дека со ќерката сами се движат кон граница, со надеж дека како странец ќе ја пуштат да помине и да се врати во Македонија.

Посочува дека нејзиниот сопруг останал, дека на патиштата е голема гужва, а до граница ги чека уште 10 часа пат.

+Кај луѓето има паника дека нема да имаат ниту за храна, ниту за бензин. Имам уште 10 часа пат до граница, воопшто не ни знам дали ќе успеам да поминам дали не, вели Мери.

Целото нејзино сведоштво погледнете го во видеото во продожение.


Од истата категорија