Македонија ја доби првата светска јуниорска шампионка во кикбокс, откако Марија Димовска ја победи својата ривалка од Израел.
Името на младата Македонка е запишано во табелата како првата девојка што стана светски првак во кикбокс во светската организација WAKO, во која членува Македонската кикбокс и маитаи федерација.
Димовска, како што пренесе порталот Скопје1, во финалето на првенството, со 2:1 ја победи кикбоксерка Мија Лијамичев од Израел.
Тие се натпреваруваа во дисциплината лоу-кик за млади јуниори до 60 килограми и успешно ги одбрани боите на македонската репрезентација.