Министерството за надворешни работи на Македонија, на чие чело е министерот Бујар Османи, за нов македонски амбасадор во Берн во Швајцарија го предлага Реџеп Демири, актуелен генерален конзул во Минхен, по предлог на ДУИ, објави порталот МКД.

Демири е поранешен борец на УЧК кој експресно напредуваше во дипломатијата, активен е на социјалните мрежи и не пропушта честитки поврзани со УЧК, како таа за „ослободување“ на Слупчане и областа Карадак.

– Честит 2 мај 2001! Стотици борци на ОНА заземаа точки за да ја заштитат татковината, правата и албанскиот дух насекаде. Засекогаш во нашите сеќавања, маченици на нацијата. Слава им“, гласи една од честитките кои конзулот ја има испратено на Фејсбук на годишнина од тој настан.