Пословици од Охрид

Ако ме бесите, бесете ме (побргу), оту ми плачат децата.

Без мажа (која жена е), без грижа (си е таја).
Божик (е) тучалник, (а) Велигден џиџи-миџи.
Викала е (бабата), гости, (а таја) си седнала да се пошчи.
Во март и една жаба да се помочат во нивата, имат зијан седбата.

Господ да чува од полошо.
Господ ум да ти даит.
Да му мијаш нозете, (та) да му пијаш водата.
Два душмана лешат во една постела.
Две куќи, а тројца коџобашии.
Детето во мајката припишчи.
Дни како колбази. Или:
Дни како црви.

Ѓаволот еден тоар опинци искинал дури да те донесит до бесилка, та ти пак него го молиш да те куртулисат.
Еднош татко со мајка спале, и то спроти Велигден се згодило да е.
Жената е рај на мажот (кога е добра).
И водата имат заби (од честото перење алиштата се кинат).
И јасиката е висока, ама ја серат страчките.
Кога немаш глаа, нека немаш и шија (кога не е умен зошто е жив).
Куќата му горит, а тој песми си пејт.

Лошата погача поарен пријател ќе пречекат. (Грозните моми ќе се омажат за поубави момци.)
Многу поминало, малу останало.
Му дојдоа телците од гојада. (Му поминала лутината).
На патникот одењето не му се знајт.
Не мелиме брашно. (Не сме согласни).
Не се знајт ни кој пијат, ни кој плашчат.
Не е малу, не е многу, вечер ќе го видите.
Ни лето под сенка, ни зима на сонце. (Остана никаков).

Орлов Камен и Дримско Грло (за сведоци). (Произлегува од приказната: Еден селанец зел пари со лихва од еден Турчин и во записот што му го дал за сведоци ги запишал споменатите имиња на две месности како сигурни личности. Од тоа останало до денес да се кажува за несигурни должници, какви сведоци ќе бидат Орлов Камен и Дримско Грло месности меѓу Охридската и Дебарската околија.)

Пајнцата откако еднаш ќе се скршит, не се залепвит веќе. (Кога ќе се прекинат еднаш односите меѓу пријатели или роднини невозможно е да се востановат како што биле во почлетокот.)
Пцојсано магаре од волк немат страв.
Се ќе бидит и никој не ќе видит. (негативен одговор).
Светит како пред слепего цара.

Секој дома на попара (да си одиме), никој мајка не окара. (Децата кога ќе ги растураат игрите ја кажуваат таа пословица).
Со масло и клинци да свариш се слатки.
Старос – грдос.
Страчката и во лајно кацвит. (Среќата некогаш доаѓа и во најнедостојните луѓе).
Сонцето греит и на лепешката.
Удрите јајца на масло.
Фатил Бога за очи.
Ја ум (да ти дајт Господ) ја (в) Свети Наум (да те пратиме, да ти го донесат.)

Од село Витолишта (Мариовско)

Ракавела мој пред попот стој.
Пушчи аро на вода, сам појди по него.
Него в село го нејќат, он за поповата куќа праша.
По јаре сено, по кози смрека.
Зависнал ко’а магаре во угар.
Шчо ќе да посееш и тоа ќе жнееш.
Се орли ко’а петел на бунишче.
Стра’ лозје чу’а.
Едниот крени, другиот удри.
Гален поп и ф цркфа п….

Од записите на Антон П. Стоилов. (Подготви Марко Китевски)