Викендов, на 28 и 29 септември 2024 година свечено ќе биде одбележан 100-годишниот јубилеј на храмот „Света Петка“ во скопската населба Црниче.
Како што информира Скопската православна епархија – МПЦ-ОА, свеченоста ќе почне утре со вечерна богослужба со почеток во 17:30 часот. Средишната прослава, пак, Божествената литургија ќе биде прославена в недела, со почеток во 9:00 часот.
Фото: Скопска епархија – МПЦ-ОА