До нашата Македонска Заедница во Австралија
Од управата на првата Македонска Православна Општина за Мелбурн и Викторија во чии состав е и првата македонска црква во иселеништвото „Св
Георгиј“ и манастирот „Св. Климент Охридски“ во Кинглејк.
Со жалост ја примивме веста за ненадејното во Господа упокојување на Митрополитот на Дебарско – Кичевската Епархија и Администратот на Австралиско – Сиднејската Епархија г. Тимотеј.
Би сакале да изјавиме сочуство до светиот Синод, свештенството и македонскиот православен народ по повод ненадејната смрт на М. Тимотеј.
Притоа, сакаме да искажеме голема благодарност за неговата архипастирска посветеност овде во Австралија, благодарност за неговиот приод кон верниците, свештенството и духовната надградба која цениме дека беше на највисоко ниво. Неговата жртва и закрила за нас е нешто што е многу значајно и ценето за нашата заедница и нема никогаш да го заборавиме. Загубивме многу важна личност, достоен Архиереј, пастир и духовен татко кој со неговата љубов и мудрост ќе остане запишан во македонската историја на македонската заедница, посебно во Австралија.
Покојниот М. Тимотеј меѓу нас беше присутен од 1981 – 1994 год. и од 2013 – 2024 год. Ова време ќе биде потсетник за Неговата неуморна Христова
посветеност. Ние се надеваме дека и неговиот заменик ќе продолжи по стапките на својот успешен претходник Митрополитот Тимотеј. Би сакале да
ве замолиме сите да кажете молитва кон Бога за нашиот дедо Тимотеј, како почит и наша должност кон него, бидејќи и он за нас се има погрижено низ
сите овие години.
Нека почива во мир Неговото Високопреосвештенствоn Митрополитот Дебарско – Kичевски и Администратор Австралиско – Cиднејски г. Тимотеј.
Господ да му дарува царство небесно!
Со Почит
Дејан Змејкоски
Председател МПОМВ