Македонската ракометна репрезентација годинашниов Бадник и Божик ги прославува во Словенија, каде што македонскиот национален тим во духот на христијанската православна традиција вечерва кршеа лепче со паричка.
Најсреќен беше кондициониот тренер Петар Баснарков, на кого му се падна паричката.
Македонските репрезентативци утре ќе имаат слободно претпладне и организирано ќе патуваат во Љубљана во посета на црква за Божик.
Потоа повторно се враќаат во Терме Лашко каде ќе продолжат со подготовките за Европското првенство во Виена. Таму Македонија заминува на 8 јануари и ќе го чека почетокот на ЕУРО 2020.