Ниту враќањето на Златан Ибрахимовиќ не помогна Милан со победа да ги израдува своите навивачи на „Сан Сиро“. Росо-нерите попладнево одиграа реми без голови со Сампдорија.

Затоа пак, ефикасен беше шампионот Јувентус кој му даде четири гола на Каљари, три од нив се дело на Кристијано Роналдо.

Резултати на натпреварите во Серија А од 18. коло играни попладнево:

Болоња – Фиорентина 1:1
Милан – Сампдорија 0:0
Аталанта – Парма 5:0
Јувентус – Каљари 4:0.

Вечерва играат Лече – Удинезе и во дербито, Наполи – Интер.

Табела: Јувентус 45 бода, Интер 42 (натпревар помалку), Лацио 39 (натпревар помалку), Рома 35, Аталанта 34,…