На социјалните мрежи е објавена фотографија за која се тврди дека е од маркети во Црна Гора од која може да се види дека македонското масло за јадење чини речиси двојно поевтино во црногорските во споредба со македонските маркети.

„Македонски зејтин Кристал и српскиот Дијамант во Црна Гора е околу 100 денари, а кај нас 180 денари. Срам да ви е“, гласи еден од коментарите на Фејсбук.

Според фотографијата која се објавува може да се види дека маслото за јадење произведено во Македонија во црногорските маркети се продава за 1,80 односно 1,89 евра.

Инаку, просечната плата во Црна Гора е поголема отколку во Македонија.