Македонски бизнисмен и неговиот пријател од Загреб загинаа во страшна сообраќајна несреќа што се случила викендов во центарот на Медулин, на Истра.
Хрватски медиуми пишуваат дека во несреќата што се случила во 02 часот по полноќ, животот го загубиле 47-годишник од Загреб, кој управувал со возилото „форд мондео“ и 43-годишниот совозач – негов бизнис партнер од Македонија. Тие со огромна брзина удриле во столб за осветлување, а потоа и во разводната кутија, предизвикувајќи прекин во снабдувањето со струја, како и во телефонската мрежа.
Повикувајќи се на неофицијални информации, медиумите известуваат дека 47-годишникот од Загреб бил на службен пат во Истра, заедно со неговиот бизнис партнер од Македонија. Имал сопруга и три деца. Несреќата се случила на една раскрсница кога возилото, навјеројатно, најпрво преминало на спротивната коловозна лента, по што се вратило налево, удрило на тротоарот, потоа во столб за осветлување и на крај заврпило во бетонски столб каде што имало разводна кутија. Двајцата загинале на местото на несреќата, а од возилото не е останато речиси ништо.
Од силата на ударот бил предизвикан проблем со снабдувањето со струја – осум кабли за струја биле прекинати, како и оптичкиот кабел, што предизвикало прекин и на интернетот, но и на телефонските линии. Бил предизвикан проблем и при работата на банкоматите и ПОС-уредите во некои од околните дуќани.
Во медиумските извештаи не се објавени имињата на настраданите, а се наведува дека загинатиот Македонец бил од Скопје.