Околу 300 килограми кокаин се запленети во Драч при контрола на македонскиот камион.

Камионот превезувал железо, соопшти албанската полиција, цитирана од РТС.

Кокаинот бил скриен во шасијата на камионот.

Дрогата била сокриена во камион со македонски ознаки, кој требало да замине за Италија. Како што информираат од албанската полиција, со камиотнот управувал македонскиот државјанин 40-годишниот Н.А. кој веднаш е уапсен.

Кокаинот бил спакуван во пакети со лого на „Чикаго Булс“, „Кензо“, „Диор“, како и под логото на францускиот фудбалски гигант ПСЖ.