Прељубишта

Кај се родил Марко, па попораснал мало, му нап’лнила мајка му една црпка со вода, па го изпратила там на Балкана, свине да чува. Арно ама тамо Марко шетаики низ гората нашол на едно место девет деца самовилски, к’де плакале.

Марко ги праша: „Зашто деца плачете?“ Тие, децата му казаа: „Мајка ни е на лоф, а па мије за вода прегорехмо. Дур да дојде мајка, не можемо да чекамо, ќе умремо.“ Извади Марко црпката, ги напи со вода децата, им се олади срце на децата, се отрајаа. Ете га самовилата иде, Јана самовила; иде силна, љута, сака да го погуби Маркота.

Децата и викаа: „Немој, мајко, зере тој ни напи вода, ќе умрехмо за вода“. И самовилата седна, ги порани, и му рече на Маркота. „Како ти је име…“
(Слушана од Спасо Милошев.)

Вруток

Костадин душа береше,
ем на дружина велеше:
– Дружиња, верни дружиња,
кога ке дома одите,
коните да не играте,
ем пушки да не фрљате,
зер ке ве чујет мајка ми,
прет коња ке ви излезе,
за мене ке ве прашујет:
Дружиња Костадинови,
ој к’де ви е Костадин?
Мајко ле Костадинова,
Костадион тамо с ожени,
од мрамор плоча невеста,
од бели бигор сватои,
црни гаврани бајраци.
Слушани од Михаил Димитров.

Куново

Сон сонила Будимка кралица
во сабота и спроти недела,
па станала рано во недеља,
сон кажујет на нејзин сајбија:
– Чујеш вамо крало од Будима,
да што сум си сончок сонуала:
ведро небе над Будим пукнало,
јасен месец на земја паднало,
јасно сонце в море се удаи,
ситни ѕвезди крајум одбегнаа.
(………..)
– Ајде сестро сега да бегаме.
– М’лчи, брате, немој да говориш,
немој тебе некој да те чујет,
овде седи мене да ме чекаш,
ќе донесам студена водица.
Слушана од Безцена Софрева, 80-годишна.

В’лковија

Стемнило ми се смаглило
киниса моме на вода.
Прегрешило ми п’тишта,
отиде горе ф планина
ке Ѓурчиново бачило.
Кога видоа момето,
свите на ноги станаа,
Ѓурчин кеаја не стана,
Ѓурчину драго непадна…
Слушана од Стојанка Стојчева.

Лешок

С’н с’нила млада Јанколица
у субота очи спрот недеља:
ведро небо надве се предвојло,
што ми беја красните нишани –
красно сл’нце наѕат се поврати,
месечинка среде море падна,
влашињата у Влашко паднале,
крчалките у Грчко паднале
дробни ѕвезде на земња паднале,
што ми беше ѕвезда Вечерница –
ни на небо, ни на црна земња…
Слушана од Атанас Војнов, 45-годишен.

Вратница

Стојане, море Стојане,
што беда најде татка ти
куќата да га продаде,
што беше лепо праена
со девет врати железни,
најмала врата бак’рна,
на вратата ливада,
на ливада сеџаде.
Слушана од Гана Ѕаковица и Стојна Трпковица

Рогачево
Билбил поје у планина,
дејче седи у градина,
билбил дејче говорује:
Ела дејче да седимо,
да седимо, да појемо,
ем облоге да фатамо,
ако, дејче, ме натпојеш,
ке ти дадам планинава,
со све сенке, со све чешме,
ако тебе те натпојем,
ке ти земам градината,
со све црешне, со све вишне.
Слушана од Спасо Димов, 60-годишен. (Подготви Марко Китевски)