Во издание на реномираната издавачка куќа „У Никитских ворот“ од Москва, излезе од печат книгата „Я ни в чем не виноват“ (Јас не сум виновен за ништо), од македонскиот карикатурист, хуморист, есеист, сликар и аниматор Тоде Ристо Блажевски од Скопје.

-Станува збор за збирка од педесет и пет хумористични раскази, педесет и седум афоризми и дванаесет карикатури од авторот Блажевски. Текстот од македонски на руски јазик го преведе Олга Панкина.

Делото на Блажевски е едно од ретките, а можеби и единствено, што во ваков облик – како книга и ваков жанр – како духовито четиво, од малото македонско јазично подрачје се приопштува во големото и пространо руско јазично подрачје.