Македонците за месеците во годината имаат свои македонски имиња. Архаичните македонски имиња биле поврзани со природните циклуси или земјоделските работи кои се случуваат и вршат во периодот на соодветниот месец.

Јануари: Коложег – месец во кој се горат голем број дрва.
Февруари: Сечко – месец на ледот.
Март: Цутар – месец на цветањето.
Април: Тревен – месец на тревата.
Мај: Косар – месец на косењето трева.
Јуни: Жетвар – месец на жетвата.
Јули: Златец – наликува на златен месец.
Август: Житар – месец на житото.
Септември: Гроздобер – месец на берењето грозје.
Октомври: Листопад – месец на паѓањето листови.
Ноември: Студен – првиот многу студен месец.
Декември: Снежник – месец на снегот.

Да го следиме примерот на Хрватите и да се вратиме на нашите корени, да си ја продолжиме традицијата.  Да не дозволиме да исчезнат. Да им ги оставиме во меморијата на сегашните и идните генерации, да бидеме генерација која ја продолжува македонштината иако пробуваат да ни ја уништат. Да ја продолжиме традицијата на нашите предци!