Припадниците на македонската Армија продолжуваат активно да учествуват во потрагата по преживеани под урнатините во турскиот град Караманмараш.
-Од страна на нашите армиски тимови без задршка се пребарува секој сантиметар од урнатините на зградите во Караманмараш. Припадниците од вториот тим од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување заеднички со тимови од Велика Британија, Франција и Германија и со непрекината поддршка од спасувачките екипи од Турција и нивната Армија се обидуваат на повеќе локации, изборувајќи се со времето и тешките услови да спасат бесценети човечки животи, информираат од АРМ.
Во земјотресот најмалку 28.000 лица ги загубија животите, но надежта за преживеани е се уште присутна дополнително што и седум дена по земјотресот се спасуваат животи.
