Македонски железници од 15 јуни го враќа експресниот воз од Скопје до Белград и кон Солун до Гевгелија, од каде патувањето до солунската желензичка станица се врши со автобуски превоз.
Возот од Скопје за Солун ќе поаѓа секој ден во 4:45 часот, со пристигнување на солунската железничка станица во 9:33 часот, а од со врски до летувалиштата во Литохоро, Лептокарија и Неи Пори.
Како што информираат од Македонски железници сезонава се воведува поволни цени за повратна карта меѓу Скопје и Солун преку тарифската понуда „Сити стар“ (City Star) за групни патувања.
Така, ако групата што ќе патува со воз ја сочинуваат пет возрасни патници, цената на повратната карта меѓу Скопје и Солун ќе изнесува 836 денари или 13,5 евра. Ако групата ја сочинуваат пет возрасни лица и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 756 денари или 12,2 евра. Редовната цена на билетите меѓу Скопје и Солун изнесува 12,2 евра во еден правец и 19,5 евра во двата правца за еден патник.
Билетите може да се набават на меѓународната билетара на станицата во Скопје, како и во другите поголеми железнички станици до Гевгелија каде што се движи возот кон Солун и обратно.
Во периодот од 15 јуни до 16 септември, железничка врска од Скопје ќе има и за Белград, со возот што ќе тргнува секој ден во 22:19 часот. Повратниот билет изнесува 1.709 денари (27,6 евра), меѓу Скопје и Загреб ќе може да се патува по цена од 3.653 денари (59 евра), додека цената на картата до Љубљана изнесува 4.643 денари (75 евра) за двата правца.
Поради затворањето на главната железничка станица во Белград сега експресниот воз сообраќа до белградската железничка станица Топчидер, а кон Солун со воз се патува до Гевгелија, а на релацијата меѓу Гевгелија и Солун е обезбеден автобуски превоз на „Грчките железници-ОСЕ“.