Македонски железници Транспорт-АД Скопје соопштија дека од Организацијата на грчките железници (OSE) известиле дека од денеска во 19:00 часот, ќе биде повторно воспоставен железничкиот сообраќај на делницата Солун – Поликастро – Идомени.

Поради тековните работи на реконструкција на инфраструктурата, во периодот од четврток  (27 февруари) од 18:00 часот до вторник (4 март) во 07:30 часот, овој дел од пругата, се вели во соопштението, ќе биде подложен на дополнителни градежни активности.

Во овој период, железничкиот сообраќај ќе биде дозволен исклучиво со дизел локомотиви, и тоа во следните термини:

– Од 26 февруари (19:00 часот) до 27 февруари (06:30 часот).

– Од 27 февруари (19:00 часот) до 4 март (06:30 часот).

– Почнувајќи од 4 март (19:00 часот), сообраќајот ќе се одвива секој ден од 19:00 до 06:30 часот, до следно известување.

Останува на сила целосна забрана за железнички сообраќај на делот Поликастро – Идомени (км 58+010 до км 75+500) сè до дополнително известување.

– Грчките железници апелираат до сите железнички оператори и машиновозачи стрикно да ги почитуваат пропишаните ограничувања на брзината на оваа делница за да се осигура безбедноста на патниците и товарниот транспорт, се наведува во соопштението од МЖ Транспорт-АД Скопје.

Фото: МИА архива